МВР

Инцидент во Пехчево, една жена е повредена

28.06.2025 18:55

23 годишна жена од Пехчево заврши во болница, откако нејзиниот маж ја турнал од прозорец, пред очите на нивната ќерка...

23 годишна жена од Пехчево заврши во болница, откако нејзиниот маж ја турнал од прозорец, пред очите на нивната ќерка. Инцидентот се случил во Центарот за социјални работи.

Според информациите од полицијата, сопружниците се расправале во ходникот на институцијата за нивната малолетна ќерка. Во еден момент при расправијата, мажот ја турнал низ прозорецот.

На жената и е укажана лекарска помош, а мажот е приведен во полиција.