Немири меѓу демонстрантите и полицијата на вчерашниот протест во Белград
Српската полиција употреби солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња и петарди...

Српската полиција употреби солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград кои фрлаа кон нив со шишиња и петарди. Министерот за внатрешни работи Дачиќ ги осуди нападите врз припадниците на полицијата.
Додаде дека ќе ги преземе сите мерки за воспоставување на јавниот ред и мир. Припадници на жандармеријата почнаа со интервенции за растерување група млади лица кои, по завршувањето на студентскиот протест, фрлаа факели и петарди кон нив.
Немирите почнаа неколку минути по завршувањето на собирот, а откако студентското обезбедување го напушти просторот што ги одвојуваше демонстрантите и приврзаниците на власта кои се пред српското Собрание.
