Куманово

Куманово соочен со сериозен недостиг на паркинзи

29.06.2025 13:26

Кумановци и ова лето очекуваат сообраќаен метеж. Иселениците ќе започнат да се враќаат, па потешко ќе се наоѓа слободно паркинг место. И покрај најави, нема проширување на паркинзите. Градот со над 30.000 регистрирани возила има само 600 паркинг места.

И ова лето се очекува сообраќаен метеж во Куманово. Иселениците наредните два месеца ќе се враќаат дома и повторно потешко ќе доаѓаат до слободно паркинг место. И покрај најавите на надлежните, сè уште нема нови паркинг места. Граѓаните со забелешки недостигаат паркинзи, катни гаражи, а тротоарите се узурпирани.

„Има ли доволно паркинг места во Куманово? Мислам дека не, имам авто но поретко го возам, но да дојдеш во центар слабо е“, истакна еден граѓанин.

„Ќе биде голем хаос, но најжално е за луѓето што одат пешки, немаат кај да одат, треба по патот кај што се движат авта, тротоарите се блокирани“, вели друг кумановец.

„Нема доволно паркинг место, дали катни гаражи, мора нешто да се преземе“, вели трет.

Со долгонајавуваното проширување на Б зоната на три локации, градот би добил 300 нови паркинг места.

Проценките се дека во Куманово има на 30.000 регистрирани возила, а ЈП Куманово паркинг располага со само околу 600 паркинг места.

Од претпријатието ветуваат проширување на зоната до крајот на годината.

„Располагаме со тие паркинг места нема моментално проширувања, наплатата е одлична, максимална во делот на паркирање“, посочи директорот на ЈП Куманово паркинг.

Во градот во моментов функционира едно пајак возило и една катна гаража. Во програмите беа предвидени на уште неколку локации, но експропријацијата на земјиштата велат од општината, чини колку и самата инвестиција.

Во Куманово има и неколку нелегални паркинзи.

Елена Георгиевска