Најмалку две жртви во судир на товарни возови во Арканзас

18.08.2014 11:19

Од силата на ударот избил пожар, при што изгорел еден вагон којшто превезувал алкохолни пијалаци...

Две лица загинаа, а уште двајца се повредени во судар на товарни возови во американската сојузна држава Арканзас.

Жртвите најверојатно биле членови на екипажот. Од силата на ударот избил пожар, при што изгорел еден вагон којшто превезувал алкохолни пијалаци.

По инцидентот се евакуирани околу 500 луѓе во радиус од два ипол километра од несреќата, поради првичните наводи дека возовите превезувале опасни хемикалии, но подоцна им било одобрено да се вратат во своите домови.