АМСМ

Сообраќајот на патишта се одвива непречено и по суви коловози

29.06.2025 10:27

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но денеска е забележана значително зголемена фреквенција на возила, особено кон граничните премини...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но денеска е забележана значително зголемена фреквенција на возила, особено кон граничните премини, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Најголеми гужви има на Граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за влез и излез од државата се движи од 15 до 30 минути. На преминот Богородица состојбата е уште поинтензивна – патниците чекаат до 40 минути за излез од државата. На ГП Дојран задржувањата се меѓу 20 и 30 минути. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци низ котлините, речните долини и клисурите – Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево – каде што постои ризик од појава на одрони.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или излез од државата.