Рехабилитација на повредените од пожарот во „Пулс“
Повредени од пожарот во „Пулс“ кои се рехабилитираат на „Пониква“ сакаат да го продолжат третманот. Втората група заминува во јули, тројца сè уште се лекуваат во странство.

Првата група повредени од пожарот во Кочани го завршува закрепнувањето во рехабилитацискиот центар на „Пониква“. Дел од пациентите побарале да го продолжат престојот и со втората група. Со нив работи тим од 5 физиотерапевти, физијатар и општ хирург, кои се грижат за нив и го следат процесот на нивно закрепнување.
Во добра и стабилна состојба се и повредените кои се вратија од лекување во странство.
По обвинувањата на родителите на жртвите дека нивните најмили починале поради недостиг на опрема во кочанската болница, министерот вели дека се работи на подобрување на условите во здравствената установа.
Првиот човек на здравство откри дека во моментов, 70 проценти од пациентите од терцијарно ниво требале да бидат на секундарно здравство, што создава метеж и долги листи на чекање. Ќе се прават анализи за дефинирање на протоколите за упатување на пациентите, со јасни индикатори за секој доктор дали ги услужува пациентите или ги препраќа на Клиника.
Ирина Гелевска
