Образование

Нема поправање оценки на наставнички совет, вели Јаневска

29.06.2025 15:52

Од в година, уписот во средно да се одвива целосно електронски, без да треба документите физички да се поднесат во училиште. Ова е планот на министерката Јаневска. Утре е вториот уписен рок, а досега се запишани 17 илјади ученици во средно. Наставничките совети повеќе ќе немаат право да поправаат оценки. Јаневска вели, со ова се отстранува можноста да се врши притисок и влијае – опозицијата, пак, критикува дека министерката го крши законот.

Од наредната година учениците за упис во средно нема да имаат потреба документите да ги доставуваат во училиштата, процесот целосно ќе биде електронски – најави министерката за образование Јаневска. Од први септември ќе се пушти во употреба новиот електронски дневник, па самиот систем ќе може да вади свидетелствата на учениците во електронска форма.

Со новите законски измени се предвидува на наставнички совет да не може да се поправаат оценки.

Според министерката Јаневска ова ќе значи помал притисок врз наставниците како и поголем успех на учениците.

СДСМ ја критикува Јаневска – од партијата велат дека таа ја доведува во прашање стручноста на наставниците и го крши законот.

Од 1 септември сите ученици ќе имаат учебници, уверуваат од Министерство за образование.

 

Ана Јосифовска