цук

Пожарот во Визбегово е ставен под контрола

29.06.2025 19:30

Пожарот во Визбегово на дивата депонија е ставен под контрола по интервенцијата на противпожарната бригада со 7 возила и 20 пожарникари...

Пожарот во Визбегово на дивата депонија е ставен под контрола по интервенцијата на противпожарната бригада со 7 возила и 20 пожарникари. На депонијата сè уште чади, па две екипи дежураат на терен.

Од ЦУК велат дека е зафатена површина од 5 илјади квадратни метри, жито, магацин со градежни материјали и двор од околниот хотел.

ЦУК бара институциите да го решат проблемот со дивата депонија, бидејќи неделава неколкупати се интервенирало на ова место, а само вчера двапати.

Се предлага воспоставување надзор, покривање на запаливиот материјал и забрана за понатамошно фрлање отпад.