Eврокомесарката Кос во дводневна посета на земјава
Марта Кос денеска доаѓа во Скопје. Ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст...

Eврокомесарката за соседска политика и проширување, Марта Кос денеска доаѓа во Скопје. Ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст.
Како што соопшти нашата Влада, Кос и премиерот, Христијан Мицкоски ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок со проширени делегации.
Утре, пак, ќе има официјален пречек за лидерите од западен Балкан, по што ќе се одржат состаноците, а Мицкоски и кос ќе имаат заедничка прес-конференција. Во фокусот на лидерската средба е планот за раст на Западен Балкан и конкретните механизми за негово спроведување.
