Од утре Данска претседава со Советот на ЕУ
Данска од утре, па до 31-ви декември годинава ќе претседава со Советот на Европската Унија. Најавува дека во тој период дека ќе се фокусира на изградба на безбедна, конкурентна и за зелена Европа...

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31-ви декември годинава ќе претседава со Советот на Европската Унија. Најавува дека во тој период дека ќе се фокусира на изградба на безбедна, конкурентна и за зелена Европа.
ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти, затоа ЕУ мора да биде способна да дејствува самостојно. Силата на ЕУ, меѓу другото, лежи во европското единство, солидна економска основа, стабилни демократии и социјално балансирани општества.
Оваа сила мора да продолжи да се развива и да се користи за промовирање и одбрана, како на европските интереси, така и на меѓународниот правен поредок, се наведува во програмата за работа на данското претседателство.
