Поликсена Илиоска- добитник на државната награда „Мајка Тереза“

18.08.2014 12:20

Наградата и се доделува на Илиоска за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување...

Поликсена Илиоска, претседателка на Здружението на граѓани за култура и уметност „Ан-блок“ од Скопје, е годинашната добитничка на државната награда „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за култура.

Наградата и се доделува на Илиоска за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери – се вели во оразложението.

Наградата ќе и биде врачена на добитничката на 26 август, во Собранието на Република Македонија.