Блиски Исток

Наредена евакуација во северна Газа

30.06.2025 09:34

Израел нареди евакуација во северна Газа. Нападите низ целата територија продолжија...

Израел нареди евакуација во северна Газа. Нападите низ целата територија продолжија. Претседателот на САД, Трамп повика на напредок во разговорите за прекин на огнот во 20-месечната војна во Газа и постигнување на договор меѓу Израел и Хамас. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека постојат регионални можности по неодамнешното примирје меѓу Израел и Иран.

„Сакам да ве информирам дека отворивме, како што добро знаете, многу нови можности се отворија сега како резултат на оваа победа. Многу можности. Секако, ќе мора да го решиме и прашањето со Газа, да го победиме Хамас, но проценувам дека ќе ги постигнеме обете задачи“, изјави Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер.

Според проценките на израелските безбедносни служби, се верува дека околу 20 заложници сè уште се живи, додека Хамас и други милитантни групи во Појасот Газа, ги држат телата на убиените заложници.