тарифи

Трамп: Нема продолжување на паузата за царините

30.06.2025 10:18

Претседателот Трамп вели дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза на царините за повеќето земји...

Претседателот Трамп вели дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза на царините за повеќето земји. Во интервју за „Фокс њуз“ објави дека неговата администрација ќе ги извести сите земји дека царините стапуваат на сила.

„Ќе разгледаме како една земја се однесува кон нас – дали се добри или не се толку добри. Наскоро ќе испраќаме писма до земјите. Не, не мора да се состануваме. Ги имаме сите броеви. Слушајте, она што ќе го направиме е да испратиме и ќе кажеме, честитки, ви дозволуваме да купувате во Соединетите Американски Држави. Ќе плаќате царина од 25 или 35, 50 или 10 насто“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Во моментов ЕУ разгледува начини за брзо постигнување на трговски договор со Вашингтон пред истекот на рокот. Трамп изминатата недела дека ги прекинува сите трговски преговори со Канада, откако земјата вовела данок на дигитални услуги за американските технолошки компании.