Образование
Втор уписен рок во средните училишта
30.06.2025 09:25
Министерката Јаневска најави дека од наредната година, уписот во средно ќе се одвива целосно електронски, без да треба документите физички да се поднесат во училиштата...

Денеска е вториот уписен рок во средните училишта, а досега се запишани 17 илјади ученици. Министерката Јаневска најави дека од наредната година, уписот во средно ќе се одвива целосно електронски, без да треба документите физички да се поднесат во училиштата.
Наставничките совети повеќе ќе немаат право да поправаат оценки. Јаневска вели, со ова се отстранува можноста да се врши притисок и влијае – опозицијата, пак, критикува дека министерката го крши законот.
