Македонија

Тошковски на отварање на летната превентивна иницијатива „Вози одморен“

30.06.2025 10:03

Оваа летна акција за превенција, под наслов „Вози одморен“, е резултат на соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата...

На граничниот премин Богородица, ќе биде официјално отворена летната превентивна иницијатива „Вози одморен“. На свеченоста ќе земе учество министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Оваа летна акција за превенција, под наслов „Вози одморен“, е резултат на соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Вози одморен“ е кампања која има за цел да ја подигне свеста кај возачите за важноста на одморот за време на патување, а со тоа и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.