МВР

Во Скопје денеска и утре посебен сообраќаен режим поради лидерската средба ЕУ - Западен Балкан

30.06.2025 09:36

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје ќе спроведе засилени мерки за безбедност и ќе воведе ограничувања на движењето по дел од сообраќајниците во поширокото централно градско подрачје...

Поради одржувањето на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, денеска и утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје ќе спроведе засилени мерки за безбедност и ќе воведе ограничувања на движењето по дел од сообраќајниците во поширокото централно градско подрачје.

„СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30 јуни (понеделник) и 1 јули (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот“, соопштуваат од МВР.