МВР
Приведена радовишанка, возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот
30.06.2025 18:29
Вчера во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш...

Вчера во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш, информираат од МВР.
Таа на ул. „Самоилова“ во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот.
По преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта. Т.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, а по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се наведува во соопштението.
