Македонска делегација на конференцијата за финансирање на развојот во Севиља
Планирано е Сиљановска Давкова да има говор на пленарната седница на конференцијата, како и средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и заменик- министерката за животна средина Ане Лашкоска, учествуваат на 4-тата Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), која се реализира под закрила на Обединетите Нации, а се одржува во Сециља, Шпанија.
Планирано е Сиљановска Давкова да има говор на пленарната седница на конференцијата, како и средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.
Претседателката претходната вечер присуствуваше на свечениот прием, кој за водачите на делегациите, го организираа шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.
Министерката Димитриеска Кочоска, пак, на социјалните мрежи објави дека ќе има презентација на тркалезна маса на која ќе зборува за искористувањето на потенцијалот на приватниот сектор и финансиите за остварување на Целите за одржлив развој.
На конференцијата, на која учествуваат околу 50 лидери на држави и влади, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен заеднички документ „Договорот од Севиља“.
