Трагедија

Девојче со потекло од Македонија се удави во река во Италија

30.06.2025 11:49

Несреќата се случила додека девојчето се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема.

Десетгодишно девојче со македонско потекло се удави во реката Пјаве во италијанската покраина Тревизо. Несреќата се случила додека девојчето се капело со своите браќа и сестри, кога родителите забележале дека ја нема.

По нејзиното исчезнување, била организирана голема потрага со нуркачи и хеликоптер, а телото било пронајдено неколку часа подоцна, заглавено меѓу карпи. Медицинскиот тим само ја констатирал смртта.

Ова е втора слична трагедија во реката Пјаве за десет дена.