МВР

Кривична пријава против три лица за нелегална сеча во Националниот парк Маврово

30.06.2025 13:48

Во март и април 2025 година, пријавените без јавна постапка договориле и спровеле нелегална сеча на дрвна маса, со фалсификувани документи и без надзор.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против три лица – директорот на Националниот парк Маврово, раководител во установата и вработен во Министерството за земјоделство, поради незаконска сеча на заштитена шума.

Во март и април 2025 година, пријавените без јавна постапка договориле и спровеле нелегална сеча на дрвна маса, со фалсификувани документи и без надзор. Според полицијата, на овој начин нанесена е штета од над 3 милиони денари на установата, а дрвото било продадено на претходно договорени купувачи.

Тројцата се сомничат за „злоупотреба на службена положба“ и „несовесно работење во службата“.