Здравство

Онкологија: Има терапија за болните од рак

30.06.2025 15:31

Директорот на Онкологија уверува дека има терапија за сите пациенти. Тој, иако потврдува дека недостигаат неколку лека поради проблем со добавувачот, сепак, посочува дека за нив има заменска терапија. По реакциите од пациенти, СДСМ бара одговорност.

Пациентите добиваат замена за двата лека кои ги нема во моментот на Клиниката за онкологија. Замената е еднакво ефикасна како и лекот којшто недостига, објаснува првиот човек на Клиниката за онкологија. Според него лековите се набавени навреме, проблем е доставата од дистрибутерот и производителот.

СДСМ реагира дека се лоши состојбите во здравствениот сектор во земјава, конкретно на Клиниката за онкологија, каде што за пациентите со канцер на белите дробови нема терапија.

Проширување на чекалниците и системите за разладување во моментов се единствениот спас за пациентите кои од целата држава доаѓаат за преглед и терапија на скопската клиника.

Жешкиот костен дисперзија на онколошките пациентите во други медицински центри ќе остане на овој министер за здравство, иако неговите претходници ветуваа тоа не се случи, остана на Клиниката за онкологија дневно да циркулираат од 500 до 600 пациенти.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски