Надграден системот за поврзување на државните институции

18.08.2014 13:01

Со ова уште 15 институции електронски ќе бидат поврзани, а граѓаните повеќе нема да одат од една во друга институција за да го добијат потребниот документ, а со тоа ќе заштедат пари и време...

Ќе се зголеми бројот на институции кои ќе меѓусебно ќе разменуваат податоци по електронски пат. Министерството за информатичко опшетство и администрација доби средства од ИПА програмата кои ќе бидат наменeти за надградба на системот за интероперабилност.

Со ова уште 15 институции електронски ќе бидат поврзани, а граѓаните повеќе нема да одат од една во друга институција за да го добијат потребниот документ, а со тоа ќе заштедат пари и време.

Министерството објави и оглас за сите заинтересирани институции кои ќе сакаат да ги искористат овие средства.

Граѓаните најзадоволни се од услугите на Централниот регистар, покажа анкетата „Таен клиент“.

„Очекувам при следното анкетирање на граѓаните и истражувањата на Таен клиент да биде евидентиран напредок кај институциите, а во тоа секако ќе помогне успешната реализација со надградба на овој систем“, рече министерот Иво Ивановски.