Зеленски благодарен за поддршката од ЕУ
Шефот на германската дипломатија во Киев објави зголемена помош за Украина во производството на оружје. Зеленски се заблагодари за поддршката од ЕУ...

Руските сили ги продолжуваат интензивните воздушни напади врз повеќе локации низ Украина. Најмалку две лица се убиени, а неколкумина повредени. Од друга страна, украинскиот претседател тврди дека руските сили претрпеле дебакл на Сумскиот фронт. Шефот на германската дипломатија во Киев објави зголемена помош за Украина во производството на оружје. Зеленски се заблагодари за поддршката од ЕУ.
„Благодарни сме за поддршката на 18-тиот пакет санкции против руската агресија. Знам дека европските лидери се многу блиску до овој пакет. Знам дека сè уште има некои недоразбирања со официјална Будимпешта и тука ние, од наша страна, би сакале да кажеме дека се обраќаме на Германија како на силната и како на лидер на Европа. Во врска со вашиот дијалог со Унгарија, мислам дека е во интерес на цела Европа пакетите против руската агресија да функционираат“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во исто време, рускиот министер за надворешни работи Лавров ја окарактеризира одлуката на членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана како катастрофална и предупреди дека политиката може да доведе до колапс на Алијансата.
