МЗШВ
Од денеска забрана за движење во шумите
01.07.2025 08:56
Во сила двомесечна забрана за движење во шумите. Се воведува поради зголемен ризик од пожари на отворен простор...

Од денеска до 31-ви август, во сила двомесечна забрана за движење во шумите. Се воведува поради зголемен ризик од пожари на отворен простор.
Од забраната се исклучени вработените во надлежните институции, овластени субјекти што вршат шумарски активности и лицата со писмено одобрение.
За непочитување, физичките лица ќе се соочат со парични казни од илјада и 500-ни до 2 илјади евра, во денарска противвредност.
