БЛИСКИ ИСТОК

Стејт департмент: Работиме за помош и поддршка за Газа

01.07.2025 09:04

Израел испрати делегација во Вашингтон за нови разговори за прекин на огнот предводени од администрацијата на Трамп...

Хамас е одговорен за моменталната ситуација во Газа. Тие ги иницираа нападите на 7-ми октомври и продолжуваат да одбиваат да го положат оружјето или да ги ослободат преостанатите заложници, вклучувајќи ги и останките на двајца Американци, и користат насилство за да се мешаат во испораката на помош до луѓето од Газа, велат од Стејт департментот.

„Работиме на обезбедување помош, а во исто време сè уште работиме за прекин на огнот. Сè уште се надеваме дека ќе направиме разлика за Газа. Мислам дека нашата акција и проблемите со Иран зборуваат за нашата посветеност за промена на Блискиот Исток за луѓето да можат да живеат во мир“, изјави Тами Брус, портпаролка на Стејт департментот.

Во енклавата продолжуваат борбите, израелските сили наредија евакуација на северот. Израел испрати делегација во Вашингтон за нови разговори за прекин на огнот предводени од администрацијата на Трамп.