Образование

Заврши електронското пријавување на полуматурантите

01.07.2025 09:04

Според податоците на Министерството за образование и наука има вкупно 16 илјади и 34 слободни места. Денеска се доставува документацијата за упис...

Синоќа на полноќ заврши електронското пријавување на полуматурантите кои не успеа да се запишат во средно, во првиот рок.

Според податоците на Министерството за образование и наука има вкупно 16 илјади и 34 слободни места. Денеска се доставува документацијата за упис, а конечните ранг-листи со примени ученици ќе бидат објавени утре до пладне.

Оние кои нема да се запишат во ниту овој рок, последната шанса ќе ја имаат на 21-ви август.