ЕВРОПА
Топлотниот бран ја зголемува опасноста од пожари во Европа
01.07.2025 09:09
Со температури над 40 целзиусови степени метеоролозите сугерираат дека земјите треба да се подготват за уште потопло време во наредните денови...

Постојаниот топлотен бран што го зафати поголемиот дел од Европа ги натера властите да издадат предупредувања. Со температури над 40 целзиусови степени метеоролозите сугерираат дека земјите треба да се подготват за уште потопло време во наредните денови. Предупредувања се издадени за делови од Шпанија, Португалија, Италија, Германија и Велика Британија. Опасноста од пожари расте.
Пламените јазици уништија речиси 19.000 хектари земја низ цела Турција. Спасувачите евакуираа повеќе од 50.000 луѓе, претежно од западната турска покраина Измир.
