Европа

Данска го презема претседавањето со Советот на ЕУ

01.07.2025 09:50

Најави дека ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа. Ќе се стреми и за постигнување напредок во рамките на процесот на проширување, но врз основа на заслуги и реформи на земјите-кандидатки.

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска го презема претседавањето со Советот на Европската Унија.

Најави дека ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа. Ќе се стреми и за постигнување напредок во рамките на процесот на проширување, но врз основа на заслуги и реформи на земјите-кандидатки.

Копенхаген најави и продолжување на поддршката за Украина и изнаоѓање нови и иновативни решенија за предизвиците на Унијата.