Топлотен бран

Екстремно топло време во поголемиот дел од Европа

01.07.2025 10:02

Високи температури во јужна Европа. Во некои земји и до рекордни 46,6 степени, што предизвика предупредувања за вонредни состојби. Метеоролозите предупредуваат дека овој топлотен бран, поттикнат од феноменот наречен „топлотна купола“, ќе продолжи најмалку уште една недела...

Екстремно топло време го зафати поголемиот дел од Европа. Властите во Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Германија, Велика Британија издадоа предупредувања за високи температури над 40 Целзиусови степени. Москва пак руши рекорди, измерени најниските температури за месец јуни и почеток на јули, од само 12 степени.

„Не можам да поднесам, ми го намалува крвниот притисок и чувствувам вртоглавица“, вели Шпанија.

„Синоќа беше ужасно. Воопшто не можев да спијам“, рече друг.

Поради топлото време, Франција ги затвори училиштата.

„Тоа е прашање на безбедност. Децата на директна сончева светлина дехидрираат екстремно брзо во најсончевиот град во Франција“, вели еден Французин.

Поради високите температури откажани дел од железничките линии во Белгија.

„Со ваков вид топлотен бран и екстремни временски услови, не можете да исклучите дефект на железничката опрема. Може да има проблеми и со железничката опрема, како што е климатизацијата. Целта е да направи се што е можно за да се осигури дека патувањето е поудобно и побезбедно“, изјави Винсент Бајер, портпарол на националната железничка компанија на Белгија.

Германците бараат засолниште од топлината во згради или на езера и базени. Не се очекува пониска температури до четврток.

„Искрено, не излегувам надвор. Само навечер“, вели Германец.

„Топлотниот бран ќе го достигне врвот во среда со температури далеку над 35 степени на запад. Сепак, ова сè уште не е рекорд за Германија како целина“, изјави Тим Штегер од Центарот за метеоролошки мерења, Франкфурт.

Од службата за климатски промени Коперник велат дека Европа се затоплува со околу двојно поголема глобална просечна стапка.

„Дефинитивно мора да се навикнеме на сè потопло и потопло време. Европа одлично се приспособува на топлотните бранови, но сè уште има уште работа за да се осигури дека општеството може да стане отпорно и да има ладни засолништа во градовите, повеќе зелени површини“, изјави д-р Саманта Бургес, заменик-директор на Службата за климатски промени Коперник.

Сегашниот топлотен бран ја покажува итноста од приспособување кон климатските промени, велат од Обединетите Нации.

„Климатската криза е криза на човековите права. Зголемувањето на температурите, зголемувањето на нивото на морето, поплавите, сушите и пожарите ги загрозуваат нашите права на живот, на здравје, на чиста, здрава и одржлива животна средина и многу повеќе. Топлотниот бран што го доживуваме овде во моментов ни ја покажува важноста на мерките за адаптација, без кои човековите права би биле сериозно погодени“, истакна, Волкер Турк, комесар на ООН за човекови права.

Опасноста од пожари расте. Огнена стихија зафати делови од Франција, Хрватска. Пламените јазици уништија речиси 19.000 хектари земја низ цела Турција. Спасувачите евакуираа повеќе од 50.000 луѓе, претежно од западната турска покраина Измир.

Маријана Димовска