Е- трговија

Раст од 32% на онлајн купувањата кај странски е-трговци

01.07.2025 20:14

Голем дел од растот се должи на платформата „Тему“, која со своите ниски цени и бесплатна достава го поттикнува онлајн купувањето. Тоа резултира со повеќе трансакции со помала вредност – просечната трансакција кај странските продавници паднала од 34 на 33 евра.

Во првиот квартал од 2025 година, вредноста на онлајн трансакциите направени кон странски интернет продавници пораснала за 32%, додека бројот на трансакции скокнал за 37%, покажуваат податоците на Народната банка.

Вкупната вредност на сите онлајн трансакции (домашни и странски) изнесува 213,3 милиони евра, што е раст од 25,4% во однос на истиот период лани. На домашните е-трговци се слеале 133,2 милиони евра, од кои 121,2 милиони евра се од македонски корисници.

Голем дел од растот се должи на платформата „Тему“, која со своите ниски цени и бесплатна достава го поттикнува онлајн купувањето. Тоа резултира со повеќе трансакции со помала вредност – просечната трансакција кај странските продавници паднала од 34 на 33 евра.

Сѐ повеќе корисници избираат и автоматски плаќања за претплати и сметки. Повторливите трансакции пораснале за 29% кај домашни продавници, додека бројот на такви плаќања кон странство пораснал за 43%.

Во истиот период се отворени и 65 нови онлајн продавници, што укажува на растечка доверба и интерес за дигитална трговија, информираат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.