Меѓународна конференцијата

Димитриеска-Кочоска на ОН Конференција во Севиља

01.07.2025 12:38

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска се обрати на Тркалезна маса на тема „Leveraging private business and finance“ во рамки на 4. Меѓународна конференцијата на за финансирање и развој (FfD) којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации се одржува во Севиља...

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска се обрати на Тркалезна маса на тема „Leveraging private business and finance“ во рамки на 4. Меѓународна конференцијата на за финансирање и развој (FfD) којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации се одржува во Севиља.

Министерката Димитриеска-Кочоска ја претстави успешната приказна на земјата за унапредување на зелената транзиција преку комбинирано финансирање и стратешки партнерства.

Министерката ја презентираше националната иновација – Механизмот за зелено финансирање (Green Finance Facility – GFF), кој Македонија го воспостави како инструмент за поддршка на мали и средни претпријатија и ранливи домаќинства во инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност.

„GFF не е само финансиски инструмент. Тоа е катализатор на трансформација кој овозможува реални, инклузивни и мерливи промени во заедниците“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

На конференцијата беше подвлечено дека моделот на комбинирано финансирање – преку мобилизација на јавен и приватен капитал, техничка помош и стимулации врз основа на перформанси – ја намалува финансиската неизвесност и овозможува поширок пристап до инвестиции што се климатски паметни и социјално одговорни.

Како што презентираше министерката Димитриеска-Кочоска резултатите од досегашната имплементација се значајни.

„Поддржани се 57 проекти на мали и средни претпријатија со инвестиции над 15,5 милиони долари, кои ќе донесат заштеди на енергија од 17.828 GJ и ќе намалат емисии од речиси 4.000 тони CO₂. Поддржани се и 58 ранливи домаќинства, со инвестиции од 370.000 долари, кои резултираат со годишни заштеди од 621 MWh и намалување на емисии од 192 тони CO₂. Дополнително, проектите директно придонесуваат за намалување на аерозагадувањето (PM2.5 и PM10), што значи поздрава животна средина за граѓаните“ кажа министерката на Тркалезната маса.

Во своето обраќање, министерката нагласи дека успехот на GFF е резултат на партнерства со ОН (UN SDG Fund, УНДП, ИОМ, УНЕЦЕ), Европската банка за обнова и развој, како и со мрежа на домашни банки и лизинг-компании.

„Нашата визија за зелена транзиција е праведна, инклузивна и насочена кон најранливите. Никој не смее да биде изоставен“, порача министерката и кажа дека Македонија е посветена на проширување на овој модел и ги повика меѓународните партнери да се приклучат во зголемувањето на неговиот опфат и влијание.

„Заедно можеме да мобилизираме капитал, иновации и солидарност неопходни за забрзување на зелената транзиција“, кажа министерката.

На крајот, Димитриеска-Кочоска ја потврди силната посветеност на Македонија кон реализацијата на Агендата 2030 и Парискиот договор, нагласувајќи дека глобалната соработка е клучна за изградба на позелен, поправеден и поотпорен свет.