Лидерска средба ЕУ- Западен Балкан
Исполнување на обврските за членство во ЕУ, без отстапки
01.07.2025 13:18
Самит Европска Унија-Западен Балкан во Скопје. Порака – нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Брисел…

„Доколку го смените Уставот, веднаш ќе почнат преговорите“ – еврокомесарката Кос на прес-конференцијата со премиерот Мицкоски во Скопје. Вели дека идентитетот го носиме во себе и тоа прашање не треба да биде поврзано со членството во Европската Унија.
Претседателот на владата со став – Македонија исполни најголем дел од реформите. Нема да се дозволат повеќе отстапки.
Викторија Милевска ја следеше прес-конференцијата.
