Поддршка од Литванија за Македонија во ЕУ
Во посета на земјава е литванскиот шеф на полицијата со кого ставија потпис на договор за реадмисија. Потпишаа протокол преку кој ќе се унапредува соработката меѓу двете министерства и полиции на секое поле, посебно во делот на илегалната миграција и центрите за обука на полициските службеници...

Македонија и Литванија заедно ќе се борат против организираниот криминал. Потпишаа протокол преку кој ќе се унапредува соработката меѓу двете министерства и полиции на секое поле, посебно во делот на илегалната миграција и центрите за обука на полициските службеници.
Литванскиот министер за внатрешни рече дека неговата земја целосно ја поддржува Македонија на интегративниот пат кон Европската Унија. Изрази спремност за помош на европскиот пат, кој носи огромни бенефити за граѓаните и работењето на институциите.
„Изразувам надеж дека заслуженото место на Македонија во ЕУ наскоро ќе дојде“, изјави Владислав Кондратович – министер за внатрешни работи на Литванија.
Во меѓувреме Македонија ќе отвори уште две ленти за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај, потврди Тошковски. Тоа се прави зашто во летната туристичка сезона на грчка граница за влез и излез од државата се чека со часови.
Борис Грујоски
