Дополнување на позитивната листа на лекови, најави ФЗО
Дополнување на позитивната листа на лекови и на правилникот за медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, најави Фондот за здравствено осигурување. Велат, ќе има новини и за оние кои користат ортопедски помагала…

Пациентките со канцер на дојка коишто користат таблетарна терапија лековите ќе можат да ги земаат од аптеките во местото на живеење, нема да мора да доаѓаат на Клиниката за онкологија, одлучи Фондот за здравство.
Два онколошки лека се префрлаат од болничката на примарната позитивна листа. За три недели ќе завршат бирократските процедури и лековите ќе им бидат достапни на 2.500 пациентки. Подигањето на терапијата досега им одземаше и до три часа престој на клиниката, но и патување до Скопје на оние што се од внатрешноста.
Фондот одлучи ќе ја прошири и листата на ортопедски помагала за повеќе групи корисници.
Фондот ќе дозволи важноста на упатите за рехабилитација да бидат продолжени на 6 месеци, место како досега да важат 2 месеца. Ова се однесува на пациентите со хронични состојби како мултипла склероза, церебрална парализа, ревматоиден артрит, онколошки заболувања кај деца и други заболувања.
Наташа Јанчиќ – Менковски
