Влада
Премиерот Мицкоски на отворање на нов капацитет за производство на „Реплек“
02.07.2025 08:07
Пуштањето во работа на новиот производствен капацитет на „Реплек“ претставува дел од прославата на 80-годишнината од постоењето на компанијата...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ќе биде присутен на официјалното пуштање во употреба на најновата инвестиција во производствените погони на компанијата „Реплек“.
Пуштањето во работа на новиот производствен капацитет на „Реплек“ претставува дел од прославата на 80-годишнината од постоењето на компанијата.
Од „Реплек“ известуваат дека на настанот е најавено присуство на министерот за здравство, Азир Алиу, директорот на МАЛМЕД, Сабри Алити, и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.
