Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

02.07.2025 08:28

Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.