Блиски Исток

Трамп: Израел согласен за прекин на огнот во Газа

02.07.2025 09:57

Најавата на Трамп доаѓа по посетата на израелската делегација во Вашингтон и наспроти планираниот состанок со Нетанјаху следната недела...

Израел се согласи на условите за 60-дневен прекин на огнот во Газа-потврди американскиот претседател на социјалните мрежи. Најавата на Трамп доаѓа по посетата на израелската делегација во Вашингтон и наспроти планираниот состанок со Нетанјаху следната недела.

Очекува дека Хамас ќе го прифати предлогот на посредниците, наведувајќи дека израелскиот премиер е подготвен.

„Тој сака. Можам да ви потврдам дека сака и верувам дека ќе го постигнеме, мислам дека ќе имаме договор следната недела“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.