Асанж ќе ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон
18.08.2014 13:40
Доколку Асанж ја напушти Амбасадата на Еквадор, од чии власти побара политички азил, тој ќе биде уапсен бидејќи пред Амбасадата постојано има дежурна полициска патрола...

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска изјави дека набрзо ќе ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде пред две години најде засолниште поради обвиненијата за силување и сексуално вознемирување во Шведска.
Асанж на прес-конференцијата истакна дека му е влошена здраствената состојба за време на престојот во Амбасадата.
Доколку Асанж ја напушти Амбасадата на Еквадор, од чии власти побара политички азил, тој ќе биде уапсен бидејќи пред Амбасадата постојано има дежурна полициска патрола.
Асанж се плаши дека Шведска ќе го екстрадира во САД, каде е обвинет за шпионажа и незаконско објавување на доверливи документи, за кои е предвидена затворска казна од 35 до доживотна.
Британските медиуми објавија дека 43-годишниот Асанж има бројни здравствени проблеми бидејќи две години не излегол на сонце.
