Европа

Топлотниот бран предизвика суша во Романија

02.07.2025 09:28

Една третина од земјата се соочува со екстремна суша поради високите температури. Најпогодени се жителите на југозападот, приморани да се снаоѓаат за вода за пиење. Локалните власти ја признаваат сериозноста на проблемот, но велат дека опциите се ограничени...

Романија се соочува со последиците од топлотниот бран низ цела Европа. Една третина од земјата се соочува со екстремна суша поради високите температури. Најпогодени се жителите на југозападот, приморани да се снаоѓаат за вода за пиење. Локалните власти ја признаваат сериозноста на проблемот, но велат дека опциите се ограничени.

„Се подготвуваме да донесеме вода за пиење“, изјави анкетиран.

„Тешко е на жештината, особено без вода. Додека да стигнам дома, водата е веќе топла“, изјави друг.

Додека црвениот метео аларм и предупредувањата на властите и натаму се во сила во повеќето европски градови, експертите од ОН со предупредување- жестокиот топлотен бран на почетокот од летото е загрижувачки знак за она што следува.

„Сите се изложени на ризик; ако излезете без вода среде ден, да трчате или возите велосипед, веројатно е дека ќе имате здравствени проблеми, па дури може и да умрете. Фреквенцијата и интензитетот на екстремните топлински настани се зголемуваат во Европа и до 2050-та околу половина од европското население ќе биде изложено на висок или многу висок ризик од топлотен стрес во текот на летото“, изјави Клер Нулис - портпаролка на Светската метеоролошка организација.