Скопје

Во Визбегово утрово повторно гори

02.07.2025 11:00

Густ, црн чад се издига над северниот дел на Скопје и се шири кон градот...

Во Визбегово утрово повторно гори. Густ, црн чад се издига над северниот дел на Скопје и се шири кон градот.

Ова не е првпат оваа летна сезона. Истата депонија гореше и на 30 јуни, кога од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека пожарот се реактивира постојано поради природата на отпадот.