Австралија

Авиокомпанијата „Квантас“ цел на хакерски напад - загрозени личните податоци на шест милиони клиенти

02.07.2025 11:31

Контакт центарот на австралиската авиокомпанија „Квантас“-жртва на сајбер напад. Компромитирани се евиденциите на приближно 6 милиони клиенти кои вклучуваат имиња, е-мејл адреси, телефонски броеви и датуми на раѓање...

Контакт центарот на австралиската авиокомпанија „Квантас“-жртва на сајбер напад. Компромитирани се евиденциите на приближно 6 милиони клиенти кои вклучуваат имиња, е-мејл адреси, телефонски броеви и датуми на раѓање.

Од компанијата уверуваат дека хакерите не успеале да стигнат до деталите за кредитните картички и финансиските информации на клиентите кои биле чувани на друг систем.

Истрагата е во тек и треба да покаже дали пробивот е поврзан со криминалната банда „Расфрлан пајак“, за која ФБИ претходно издаде предупредувања до сите авиокомпании.