МВР

Приведен возач од Крушево, управувал возило под дејство на алкохол

02.07.2025 18:24

Вчера во 00.45 часот на ул. „Битолска“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Д.Ц.(28) од Крушево...

Вчера во 00.45 часот на ул. „Битолска“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Д.Ц.(28) од Крушево, информираат од МВР.

При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Д.Ц. управувал патничко моторно возило „мерцедес“ со крушевски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.