Вимблдон
Рекорден број на фаворити кои испаднаа уште во првиот круг во Вимблдон
02.07.2025 13:58
Поставен рекорд на најмногу фаворити кои испаднаа уште во првиот круг од престижниот тениски турнир Вимблдон...

Оваа година беше поставен рекорд на најмногу фаворити кои испаднаа уште во првиот круг од престижниот тениски турнир Вимблдон.
Дури 13 тенисери кои се во првите триесет и двајца на АТП листата, неочекувано изгубија во првите мечеви од турнирот, со што пониско рангираните тенисери се изборија за шанса да постигнат историски резултати за нив.
Алкараз во првиот меч се помачи со ветеранот Фабио Фоњини во трилер меч од пет сета, па беше блиску до приклучување на оваа неочекувана листа.
Фото :/ Youtube