Здравство

Здружението на приватни аптеки бараат да бидат вклучени во системот „Мој термин“

02.07.2025 15:04

Приватните аптеки бараат да станат дел од „Мој термин“. Советуваат дека е потребно да имаат увид во услугите што им се даваат на пациентите за навреме да се интервенира со заменски лек, со цел болните да не мора да се шетаат од матичен до аптека и назад...

Здружението на приватни аптеки веќе две години бара да бидат вклучени во системот „Мој термин“ и да ги забележуваат услугите коишто им ги даваат на пациентите на тој начин ќе им ја олеснат работата и на лекарите и на пациентите да не талкаат низ аптеките.

Матичните лекари навреме ќе бидат информирани дека одреден лек го нема во земјава и веднаш треба да дадат замена. Билјана Божиновска портпаролката на Здружението на приватни аптеки вели нема простор за манипулации и злоупотреби од фармацевтите, бидејќи има начин како здравствените власти и досега проверувале кој лек е дефицитарен.

Претставничката на Здружението на аптеки објаснува дека не секогаш терапијата којашто ја земаат пациентите го дава посакуваниот резултат.

Додека аптеките чекаат да се најдат во „Мој термин“, пациентите ги чекаат најавените проширувања на позитивната листа на лекови. Фондот за здравство одлучува, освен клексанот, кој друг таблетарен коагуланс може да се набавува во аптеките на сметка на државата. Најавите се дека во текот на летото ќе има одлука за оваа прашање.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски