Собраниска расправа за ребаланс на Буџетот
Собраниска расправа за ребалансот на Буџетот. Власта најави стабилна инфлација и раст од 3,7 проценти, опозицијата критикува – нема да се исполни ниту половина од предвиденото.

Економски развој или луксузирање? Прекројувањето на државната каса ги скара власта и опозицијата. Почна расправата за ребалансот на буџетот. Ресорното министерство предвидува раст од 3,7 проценти и инфлација од 2,8 отсто. Според проекциите расходната страна на буџетот ќе изнесува 6,5 милијарди евра, приходната 5,9.
Повисоки плати и пензии, 40 милиони евра за Фондот за пензиско, повеќе средства за капиталните инвестиции, најави власта. Од Фискалниот совет порака-нема место за продлабочување на дефицитот, да се внимава и на јавниот долг.
Овој буџет е за луксузирање на власта, додека народот ќе осиромашува. Социјалдемократите поднесоа 160 амандмани на предлог Ребалансот за 2025 година. Велат, сиромаштијата ќе се зголемува, нема пари за раст на платите, се кратат субвенциите за земјоделците и социјалните трансфери. За Кочани предложени повеќе проекти.
За капиталните расходи се предвидени 772 милиони евра.
Викторија Милевска
