Трагедија

Нова жртва на сообраќајното дивеење

02.07.2025 17:50

Излегол да фрли ѓубре, па смртно го прегазиле пред неговиот дом. Уште една жртва на сообраќајното дивеење во Скопје. 68-годишен човек настрада по удар од мотоцикл. Возачот побегнал, неговиот сопатник е повреден...

Трагедија на пешачки во центарот на Скопје спроти Паркот на Франкофонијата. Загина 68-годишен маж кој, додека се одел по пешачка патека, бил удрен од мотоциклист. Според сведоштвата, човекот излегол од својот дом да фрли ѓубре, и за жал не се вратил дома.

Роднини на починатиот пред камерата на МТВ велат дека човекот бил прегазен пред прозорецот од станот, а трагичниот удар се случил буквално пред влезот на неговата зграда.

Сè уште сведочат трагите од крв.

Во близина на местото на настанот имало повеќе од 30 деца кои играле, што ја зголемило драмата на настанот.

Откако мажот бил удрен, мотоциклистот веднаш избегал. Од полицијата велат дека бил извршен увид од страна на екипи на СВР Скопје и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во несреќата бил повреден и сопатникот на мотоциклот, 26-годишен човек, кој бил пренесен во старата градска болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата извршила увид на самото место, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Борис Грујоски