Здравство

Изградба на целосно нова болница во Кичево

02.07.2025 17:03

Владата го прифати предлогот на министерството за здравство. Поради сериозни проектни недостатоци кај постојниот објект, во Кичево ќе се гради целосно нова болница што ќе функционира како регионален центар...

Нова болница, на нова локација во Кичево која ќе биде регионален здравствен центар за жителите на Македонски Брод, Пласница, Зајас, Вранешница и Демир Хисар. Болницата одново ќе се гради, бидејќи сегашниот објект е статички нестабилен и нема да може да ги ја издржи надградбата и опремата која е предвидено да се инсталира. Во Кичево е предвидено да се изгради и здравствен дом. Ќе се инвестира и во Тетово и во Штип.

„Реконструкција на тетовската болница, но завршување на проектот за штипската клиничка болница со универзитет и студентски дом од 200 легла, проекциите од понудите кои ги добивме се над 200 милини евра, од 200 до 220 милиони евра. Кога би се споредило со она кое порано беше цена за нов клинички центар е наполу, половина од таа цена“, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

Здравствените власти прават анализи дали Скопје ќе добие нов клинички центар или постоечкиот ќе се модернизира.

„Се прават анализи од аспект на демографија и здравствени услуги што ги нудиме како здравствен систем во Македонија. Вториот аспект е по направените анализи, финансиска анализа и ќе излеземе во јавноста или со нов проект клинички центар надвор од постоечкиот или да обезбедиме услови, минимални услови за клиничкиот центар, внатре во клиниката“, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Неправилности во здравството како долго чекање на некоја клиника или други нерегуларност со приложување фотографии и документи како доказ ќе може анонимно да се пријават на веб страницата на министерството за здравство.

Андријана Ѓурческа