Ригорозни мерки ако цените дивеат
Цените растат. Министерот за економија Дурмиши потврдува дека има поскапувања, но вели оти инфлацијата засега е стабилна. Сепак, тој порача дека ако се забележи трговско дивеење, ќе следуваат ригорозни мерки...

Ќе се преземаат поригорозни мерки, доколку се забележи девијантно трговско однесување, без економско оправдување и енормно зголемување на цените. Од Министерството за економија се во исчекување на извештајот од Пазарниот инспекторат и Државниот завод за статистика, кој ќе покаже дали и колку цените на храната и пијалоците пораснале во јуни, споредбено со мај. Податоците од извештајот ќе бидат основата за новите владини мерки, најави министерот за економија Бесар Дурмиши, додавајќи дека состојбата со инфлацијата во моментов е стабилна.
Граѓаните со кои поразговаравме се со поделени мислења, за едни цените се превисоки, за други, прифатливи.
Во меѓувреме, Владата се обидува да го ублажи јазот меѓу високите цени и стандардот на граѓаните, преку мерките за намалување на невработеноста.
Стен ап министерот Дурмиши ја презентираше мерката за практиканти, која е дел од владиниот оперативен план за вработување за 2025-та година, за што се издвоени 40 милиони евра и за кого досега аплицирале 7.000 лица.
Марија Котовска
