Пентагон ја оправдува одлуката на Трамп за прекин на испорака на оружје за Украина
Пентагон ја оправдува одлуката на Трамп да почне да задржува некои ракети за воздушна одбрана, прецизна артилерија и друго оружје за Украина...

Пентагон ја оправдува одлуката на Трамп да почне да задржува некои ракети за воздушна одбрана, прецизна артилерија и друго оружје за Украина, како дел од најавената пауза за некои испораки на оружје.
„Мирот е највисоката аспирација на претседателот. Ние тука во одделот ги поддржуваме тие цели и мисии. Но, важно е да се запомни дека она што го правиме тука во Министерството за одбрана е да создадеме рамка. Да анализираме каква муниција испраќаме и каде, да им помогнеме на претседателот и на секретарот за одбрана да донесуваат одлуки“, изјави Шон Парнел, портпарол на Пентагон.
Украинскиот претседател ги коментираше извештаите за доцнење во испораката на одредена американска одбранбена помош, вклучувајќи ракети и артилериска муниција.
„Во моментов, на работно ниво меѓу Украина и САД, се разјаснуваат сите детали во врска со снабдувањето со одбранбена поддршка, особено компонентата за воздушна одбрана.На еден или друг начин, мора да обезбедиме заштита за нашите луѓе“, изјави Володимир Зеленски- претседател на Украина.
На фронтот продолжуваат борбите. Руската војска нападна украински воено-индустриски комплекс и складишта за муниција. Според извештаите, целите вклучувале работилници за склопување беспилотни летала, складишта и едно од претпријатијата на украинскиот воено-индустриски комплекс.
