Финансии

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот

03.07.2025 09:42

Обезбедени се средства за зголемени плати во МВР, повисоки пензии и дополнителни капитални трошоци. Фискалниот совет предупреди непотрошените пари за инвестиции да не се пренаменуваат за тековни расходи.

Во Комисијата за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за ребалансот на Буџетот. Со измените се предвидуваат зголемени приходи и расходи од по околу 3,5 милијарди денари, а капиталните инвестиции се планирани на 47,5 милијарди денари.

Обезбедени се средства за зголемени плати во МВР, повисоки пензии и дополнителни капитални трошоци. Фискалниот совет предупреди непотрошените пари за инвестиции да не се пренаменуваат за тековни расходи.

Опозицијата го критикува ребалансот како фискално неодговорен, додека ВМРО-ДПМНЕ го оцени како развоен. Поднесени се околу 200 амандмани, од кои 160 од СДСМ.